ФОТО: Големиот Буфон испратен од Јуве со спектакуларна кореографија

Големиот Џиџи Буфон му кажува збогум на Јувентус и за последен пат ќе го чува голот на натпреварот против Верона, а за тоа, посебна чест му направија тифозите на „бјанконерите“.

Спектакуларна кореографија имаше во Торино, во чест на италијанската голманска легенда. Буфон отиде и до трибината каде се сместени најверните навивачи на Јувентус и се прегрна со оние што беа на оградата, во знак на почит.

Авантурата на италијанскиот голман завршува по цели 17 години минати во торинскиот клуб, со кого освои огромен број на одличја и титули.