• Мартин Танасковски

Екипата на Баерн Минхен едвај спречи повторно да се сопне со Борусија Менхенгладбах. Тимот кој десет години во низа е шампион на Бундеслигата успеа да победи по пет натпревари во низа со овој ривал (1-2) и така го продолжи перфектниот старт на германската елита.
Традиција е доминаторот во германскиот фудбал да се мачи со Менхенгладбах, а така беше и овој пат. До победата големиот фаворит дојде во самиот финиш кога едвај го скрши отпорот и ги освои трите бода, за три победи на три средби во елитата.
И покрај шансите на стартот, Баерн Минхен прв прими гол. Се играше 30. минута од мечот на „Борусија Парк“ кога Вобер го пронајде Итакура, а тој ја смести топката во мрежата на голманот Улрих. По паузата, Баерн Минхен успеа да израмни на 1-1 преку Лирој Сане, по асистенција на Џошуа Кимих.
Баерн Минхен беше статистички подоминатнен тим во второто полувреме, ама не успеваше да го најде патот до мрежата на домашниот тим. Се до 87. минута, кога нововлезениот Матијс Тел успеа да реализира по голем притисок, за конечни 1-2.
- Извештај од натпреварот:
Баерн во следното коло го чека нов незгоден натпревар, овој пат на домашен терен со Баер Леверкузен. Менхенгладбах ќе ја бара првата победа сезонава против фенерџијата Дармштат.