• Зоран Мишевски
На стадионот на Спартак во Варна националните ветерански тимови на Македонија и Бугарија одиграа хуманитарен фудбалски натпревари. Фондацијата „Националите 94“ го организираше настанот во партнерство со општина Варна.
Во добротворниот натпревар македонските фудбалски ветерани победија со 2-3 против ветераните на Бугарија. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Легендарниот Христо Стоичков имаше само зборови на почит за иницијативата и гостите од Македонија.
„Кога се случи трагедија им се обратив на моите пријатели Пандев и Хаџиевски и не им требаше многу време да ми кажат ДА. Благодарност за сите кои помогнаа во организацијата. Знаеме колку е тешко и нема да ги вратите животите на тие млади луѓе, но должиме едно внимание кон моите пријатели, моите семејни пријатели, моите браќа. Од името на целиот наш национален тим, од мое лично име ви се заблагодариме од срце. Знаеме каква е маката, но сочувствуваме со нашите пријатели. Сите средства кои денес ги собравме ќе ги испратиме до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да ги достават до семејствата и пријателите на трагично загинатите.
Големо благодарам за луѓето од Варна за топлото гостопримство и многубројната посета“, рече Стоичков.
Бугарскиот фудбал и имиња како Стоичков, Костадинов, Балаков собраа безброј симпатии во јавноста кај нас и во регионот, што македонскиот фудбал се чувствува должен да го возврати гостопримството и да организира ваков настан и во нашата земја.