Големи проблеми за Милан, Златан се повреди и го чека долга пауза?

Според пишувањето на италијанските медиуми, Милан би можел да западне во огромни проблеми во доигрувањето на сезоната во Серија А. 

Златан Ибрахимовиќ, кој бргу се етаблираше во лидер на младиот колектив, се повреди на тренинг и го очекува пауза во должина од 30 до 45 дена. Се работи за повреда во задниот мускул во долниот дел од ногата или листот, кој Златан го повредил при шут кон голот. Се стравува дека можеби е повредена Ахиловата тетива, што би била голем проблем. 

Швеѓанецот беше активен за време на пандемијата, бидејќи тренираше во Хамарби, па повредата не е поради неспремност на мускулите. Сепак, во наредните денови ќе бидат направени тестови, па ќе се знае повеќе околу сериозноста на повредата на Ибра. 

Инаку, Серија А се очекува да започне кон средината од јуни и отсуството на Ибрахимовиќ во составот на Милан би било видно ослабнување за претстојните мечеви.