ВИДЕО: Ова не му требаше - Бејл со срамна гестикулација кон навивачите на Атлетико

Герет Бејл

Мадридското дерби во рамки од 23. колот во Примера им припадна на гостите од „Сантијаго Бернабеу“. Головите на Серхио Рамос, Касемиро и Герет Бејл го израдуваа белиот дел од стадионот и му нанесоа голем удар на градскиот ривал.

Погодокот кој што обезбеди второ место на табелата го постигна Бејл кој доби шанса во вториот дел. Неговата прослава по истиот го привлече вниманието на пошироката јавност која го осуди начинот на кој што гостинскиот фудбалер испрати провокација кон навивачите на Атлетико Мадрид.

Неговата гестикулација беше фатена од ТВ камерите, па критиките по мечот беа неизбежни.