Големата вардарова надеж замина за Грција и се договори со Арис

По големите проблеми со кои се соочува Вардар, јасно беше дека еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал Али Адем ќе ги напушти редовите на „црвено-црните“, а според последните информации е пред премин во грчкиот шампионат. 

Според тамошните медиуми, младиот играч за врска е на чекор до потпис со тимот на Арис. Наводно, двете страни си подадоа рака и наскоро се очекува да се официјализира четиригодишна соработка. 

Грчкиот тим една година ги скаутирал настапите на 20-годишниот Адем, па бил решен да го доведе во своите редови, а во битката за неговиот потпис ги „победи“ Фенербахче, Спортинг... кои исто така пројавиле интерес за нашиот фудбалер. Во минатата сезона, во која Вардар ја освои титулата, Адем се најде во стартниот состав на „црвено-црните“ на 15 натпревари и забележа една асистенција. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.