„Големата шестка“ од Англија ќе плати казни за прифаќање на Суперлигата

Најголемите шест екипи од Англија прифатија да бидат дел од проектот наречен Суперлига. Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Сити, Челзи, Арсенал и Тотенхем се приклучија на останатите големи клубови од Европа, но поради притисокот на јавноста веднаш отстапија од идејата за ново натпреварување. 

Поради тоа, од Фудбалската асоцијација на Англија веќе договори со шесте клубови да потпишат договор за заштита од ново евентуално отстапување од УЕФА. Сега, „Скај Спортс“ пренесе дека „големата шестка“ ќе мора да плати и парична казна. 

Се работи за сума од „само“ 22 милиони фунти, поделена на шесте страни кои го прекршија договорот со УЕФА. Така, секој од клубовите ќе мора да плати по 3,5 милиони. Исто така, во случај повторно да се решат да се одвојат од останатите во некое потенцијално ново натпреварување, би им биле одземени по 25 милиони фунти, но и 30 бодови во Премиер лигата наредната сезона.