Големата полска фудбалска надеж потпиша за Брајтон

Каспер Козловски, 18-годишниот играч за врска на Погон од Шчечин, потпиша договор со премиерлигашот Брајтон.

Соработката ќе трае најмалку до јуни 2026 година. Тој веднаш беше препратен на позајмица во Ројал Унион, актуелниот лидер во белгискиот шампионат. Според пишувањата на медиумите, вредноста на трансферот е осум милиони фунти.

„Тој е неверојатен талент. Одушевени сме што Каспер е дел од нашиот тим. Тој ќе биде на позајмица до крајот на сезоната, а ние внимателно ќе го следиме неговиот развој“, изјави Ден Ешворт, техничкиот директор на Брајтон.

Каспер се прослави минатото лето, кога стана најмладиот играч во историјата на Полска, кој играл на Европско првенство. На натпреварот со Шпанија имаше само 17 години.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.