• Горан Упале
Иако е тим полн со мегаѕвезди, Реал Мадрид ќе биде посилен за Џуд Белингам во првиот натпревар од 71-то издание на Лигата на шампионите на УЕФА. Тренерот Чаби Алонсо одлучи да го вклучи Англичанецот меѓу играчите на кои ќе смета за натпреварот од првото коло од натпреварувањето со Олимпик Марсеј.
Ова е одлична вест за „кралевите“, со оглед на тоа што од почетокот на сезоната не можеа да сметаат на еден од нивните најважни играчи. Офанзивниот играч од средниот ред на Мадрид го искористи летниот одмор за да ја санира повредата на рамото што ја „влече“ повеќе од една година. Во меѓувреме, даде сè што можеше за да се врати што е можно поскоро, и тоа го стори - месец и половина порано.
Првичните лекарски наоди велеа дека Англичанецот нема да биде достапен до ноември, но напорноста на тренинзите и успешното закрепнување доведоа до тоа да излезе на теренот многу порано од планираното. Големо прашање е дали ќе го видиме на теренот против Марсеј во првиот натпревар од европското натпреварување, но секако е многу позитивен момент за Алонсо и „кралевите“.




