• Саше Љолес

Фудбалскиот клуб Борец од Велес упати искрено сочувство до семејството на фудбалерот Гоце Коцевски, кој вчера го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.
21-годишниот Коцевски ги направи првите фудбалски чекори токму во Борец, а животот го загуби откако излетал од патот на експресниот пат Кочани - Три Чешми. Смртта настапила на местото на настанот.
Покрај за Борец, Коцевски настапуваше уште за екипите на ФК Превалец и ФК Кул.