• Горан Упале

Српскиот фудбалски шампионат ќе заврши како единаесетта најдобра лига во Европа, што значи дека во следните две сезони ќе има директен претставник во Лигата на шампионите.
На Србија ѝ помогна Фиорентина, која го исфрли турски Сиваспор во осминафиналето на Конференциската лига. Така, Турција сега веќе не може да ѝ се заканува на Србија.
Два бода од пировата победа на Фенербахче против Севиља и бод од ремито на Истанбул Башакшехир со Гент поделени со пет (бројот на претставници на Турција сезонава) им донесоа на Турците зголемување на националниот коефициент.
Но, Турција застана на 32.100 бода, што е 0.275. помалку од Србија, која на тој начин го задржа статусот и во следната сезона ќе може да има два претставници во Лигата на шампионите. Црвена Звезда е речиси сигурен шампион и таа ќе патува директно во групната фаза од елитното натпреварување, додека Партизан, кој сезонава игра под сите очекувања може да не заврши ниту на второто место, бидејќи моментално на таа позиција е ТСЦ Бачка Топола, тим каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски.