ВИДЕО: Голема победа на Црвена Звезда, Дуран со хет-трик го откажа Динамо!

Екипата на Динамо Загреб го доживеа првиот европски пораз во Лигата на Европа. „Модрите“ на домашен терен загубија од шпанска Селта Виго со резултат 0-3, а епилогот беше јасен уште по првото полувреме.

  • Динамо Загреб - Селта Виго 0-3:

На „Максимир“ свое шоу имаше Пабло Дуран. Напаѓачот на Селта постигна хет-трик во мрежата на хрватскиот гигант и го вивна својот тим во горниот дел од табелата во Конференциската лига. Головите паднаа во 4., 28. и 44. минута.

Голем триумф забележа Црвена Звезда, која на домашен терен со доцен гол славеше над француски Лил и така по 18 натпревари во низа успеа да добие француски ривал. Со оваа победа белграѓани ги задржаа шансите за понатаму. Човек на одлука беше Марко Арнаутовиќ, кој погоди во 85. минута.

  • Црвена Звезда - Лил 1-0:

На останатите натпревари Базел на домашен терен го победи романски ФЦСБ (3-1), три бода освои и дански Митјиланд против Селтик (3-1), додека Панатинаикос славеше во Шведска кај Малме (1-0). Исто така победи и Салцбург со Го Ахед Иглс (2-0).

Без победник завршија натпреварите Утрехт - Порто (1-1) и Штурм Грац - Нотингем Форест (0-0).