ВИДЕО: Голема „нула“ на Удинезе и Аталанта, Лече триумфално низ Емполи

Екипата на Удинезе успеа да ја задржи фаворизираната Аталанта во ремито без голови (0-0) кое се одигра во рамките на дваесеттото коло од италијанската Серија А. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини имаа блага теренска иницијатива, но успеаја само еднаш да се обидат во рамките на голот на домаќинот. Удинезе имаше свои шанси и на моменти делуваше поконкретно во нападот, но без особен успех во завршниците на акциите. 

Аталанта со ова реми стигна до вкупно 42 бода и привремено останува на второто место, додека Удинезе има 26 бодови, доволни за деветтата позиција. 

  • Удинезе - Аталанта 0-0:

Лече одигра солиден меч на гостувањето кај Емполи и извојува триумф со конечни 1-3 (0-2). Гостите водеа со 0-2 по првите 45 минути со головите на Тета Моренте и Никола Крстовиќ, а потоа црногорскиот репрезентативец стрелаше вторпат и ги постави конечните 1-3 во 90. минута од натпреварот. 

  • Емполи - Лече 1-3:

Двете екипи сега имаат по 20 бода кои ги сместуваат на 13. и 14. позиција на табелата. 

Состави

Kosta Runjaic

3-5-2

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-2-1