ВИДЕО: Голема НУЛА и поделба на бодовите на мечот меѓу Парма и Џенова

Парма и Џенова ги поделија бодовите во ремито кое заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот, 0-0. Натпреварот се играше во рамките на 21. коло во Серија А

„Млекарите“ имаа за нијанса повеќе од играта, но не успеаја да го отворат резултатот, иако и гостите не беа ривал за потценување и трипати се обидоа во рамките на голот. 

За Парма ова е 23. бод сезонава, со кој останува на тринаесетото место на табелата, додека Џенова е на три позиции подолу со дваесет бодови на своето салдо.

Во следното коло Парма ќе има тешко гостување кај Аталанта во Бергамо, а Џенова на домашен терен ќе ја пречека секогаш незгодната Болоња