ВИДЕО: Голема грешка на Симон, Сансет го спаси Билбао од пораз кај Еспањол

Екипите на Еспањол и Атлетик Билбао во предградието на Барселона ремизираа со по еден постигнат гол (1-1), во рамките на 24. коло од Примера.

Првото полувреме беше изедначено, Билбао имаше малку повеќе шанси за водство, но двете екипи заминаа на пауза без промена на резултатот. Веднаш на стартот на вториот дел домашните успеаја да поведат, oткако Роберто Жан Фернандез ја искористи голема грешка на гостинскиот голман Симон и погоди за 1-0. 

Гостите успеаја да израмнат во 77. минута, кога Нико Вилијамс додаде до Ојхан Сансет, кој погоди за 1-1. Нико Вилијамс можеше да направи пресврт и да му донесе победа на Атлетик, откако во првата минута од судиското надополнување биеше во густиот блок на домашната одбрана. 

Билбао е на четвртото место во Примера со 45 бода, додека Еспањол е на 15. позиција со 24 бода. Во следното коло Еспањол ќе игра на гости кај Алавес, додека Билбао ќе му гостува на Ваљадолид.