• Зоран Мишевски
Непосредно пред големото дерби со Манчестер Сити и пеколниот распоред во ноември, Арне Слот се соочува со голем дефанзивен проблем.
Централниот дефанзивец Ибрахима Конате е повреден и го чека подолга пауза. Страдаше неговото колено по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.
„Многу е фрустрирачки да се повредите на крајот од одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодарам за уникатната поддршка на „Енфилд“ во Ливерпул“, напиша Ибрахима Конате на социјалните мрежи.
Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува помеѓу пет и осум недели.