Голем удар за новиот норвешки селектор: Без најдобриот против Шпанија и Грција

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд замина на репрезентативниот собир во својата Норвешка и требаше да го предводи националниот тим во тешките квалификациски натпревари против Шпанија и Грузија, но сепак предмалку светските медиуми објавија дека добил незгодна повреда на препоните и нема да биде во комбинација за настап. 

Ова е голем удар за селекторот Стале Солбакен, кој сериозно сметаше на „првата виолина“ во нападот на Норвешка. Халанд денес го напуштил тренинг-кампот на репрезентацијата и се вратил во Манчестер, каде веднаш ќе започне со рехабилитација од повредата на препоните која се покажала како многу посериозна од првичните предвидувања. 

Норвежанецот ќе ја искористи репрезентативната пауза за закрепнување, а уште не е познато колку би отсуствувал од терените. Неколку медиуми пишуваат дека повредата може да се влоши и да ја комплицира целата ситуација, па затоа челниците на „граѓаните“ не оставаат ништо на случајот и сакаат тој целосно да се опорави пред да започнат новите предизвици во Премиер лигата. 

За потсетување, Ерлинг Халанд сезонава постигна 28 голови во 26 натпревари одиграни за Манчестер Сити и е убедливо најдобар стрелец во англиската фудбалска елита, а вкупно во сите натпреварувања запиша 42 гола и очигледно нема намера да застане на овие бројки.