Голем удар за Милан, најдобриот играч во претходните две сезони го чека пауза

Милан претрпе голем удар на овој репрезентативен прозорец, бидејќи се повреди Кристијан Пулишиќ. Американскиот репрезентативец кој имаше проблеми со друга повреда се најде во стартниот тим на САД против Австралија, па во 31. минута селекторот Маурисио Почетино мораше да го замени. 

По враќањето во Италија тој подлегна на подетални прегледи, повредата на задниот бутен мускул е потврдена и на Пулишиќ му се предвидува пауза од околу еден месец. Американскиот фудбалер се очекува да ги скокне натпреварите против Фиорентина, Пиза, Аталанта, Рома и Парма, а во Милано се надеваат дека ќе се врати за дербито со Интер по ноемвриската пауза. 

Од доаѓањето во Милан летото во 2023 година Пулишиќ е најдобар играч на „росонерите“. Американецот блесна во Серија А и има најдобри бројки откако пристигна во клубот. Во првата сезона имаше 15 гола и 11 асистенции, а минимално поефикасен од него беше само Рафаел Леао.

Во сезоната 2024/25 американското крило беше убедливо најдобар, постигнувајќи 17 гола и 12 асистенции, а во новата веќе е на кота од шест погодоци и две асистенции на осум меча. Токму поради тоа, отсуството на Пулишиќ е сериозен удар за Масимилијано Алегри.