На еден месец пред мечот со Македонија, уапсен првиот човек на косовскиот фудбал

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Агим Адеми е осуден на девет месеци затвор, откако во 2012 година, индиректно подмитил локален функционер.

Се работи за прекршок при кој Адеми го натерал својот партнер да исплати сума од 30.000 евра на неименуван општински функционер, во замена за фалсификувани документи. 

Според објавите на медиумите, апелацискиот суд во Приштина ја потврдил казната, која на Адеми му ја изрече локален суд минатото лето. Тој на чело на Фудбалскиот сојуз дојде во јули 2018 година, наследувајќи го Фадил Вокри.

Овој удар за Косово доаѓа на точно еден месец пред полуфиналниот дуел од Лигата на нациите, каде оваа земја гостува на Македонија во Скопје.