Голем удар за Борусија: Заврши сезоната за капитенот!

Борусија Дортмунд е во сериозен резултатски пад откако по елиминацијата од Аталанта во нокаут фазата од Лигата на шампионите доживеа пораз и во „Дер Класикер“ од Баерн Минхен. Со тоа „милионерите“ практично испаднаа од шампионската трка во Бундеслигата, а проблемите дополнително се продлабочија со тешката повреда на капитенот Емре Чан.

Искусниот играч за врска ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и ќе мора на операција, по што го очекува долга рехабилитација. Стручниот штаб нема да може да смета на него до крајот на сезоната.

„Повредата на Емре е огромно разочарување за сите. Тој е нашиот капитен, секогаш го става тимот на првото место, важен дел е од нашиот клуб. Тој ќе ја има нашата поддршка во наредниот период, за да може целосно да се рехабилитира и потоа да се врати на терените“, изјави спортскиот директор Себастијан Кел.

Отсуството на Чан значи сериозен удар за дефанзивната линија на Дортмунд во клучниот дел од сезоната, кога тимот се бори за пласман во европските купови.