Голем удар за Австрија: Без ѕвездата на Борусија против Србија!

Марсел Сабицер заработи повреда на последниот натпревар на Борусија Дортмунд против РБ Лајпциг, а тоа е голем удар за репрезентацијата на Австрија. 

Ралф Рангник нема да може да смета на еден од најдобрите играчи во својот тим на бараж двомечот против Србија за пласман во А сегментот во Лигата на нациите. 

Сабицер викендов против Лајпциг одигра само 33 минути, па беше заменет со Бенсебаини. Причината беше повреда на коленото поради која Австриецот ќе направи пауза од најмалку четири седмици. 

Австрија без Сабицер ќе се судри со Србија на 20 март во Виена, а три дена подоцна гостува во Белград.