• Горан Упале
Арсенал веќе неколку сезони е претендент за титулата во Премиер лигата. Причина за тоа се бројните промени во последните години, но „топџиите“ сега ќе останат без еден од главните „играчи“.
Спортски директор на лондонскиот клуб, Еду ќе го напушти стадионот „Емирати“ по пет години минати во клубот, објави „Дејли мејл“.
Еду дојде во Арсенал на позицијата технички директор, а по три години, поточно во 2022 година, стана спортски директор на клубот. Тој заедно со Микел Артета го вратија Арсенал во позиција да се бори за титулата и да биде редовен учесник во Лигата на шампионите, но „топџиите“ не успеаја да фатат рака за долгоочекуваната титула во Премиер лигата.
Еду им најави на луѓето во клубот дека ќе си замине, сепак останува прашањето кога и зошто си заминува. Соработката меѓу него и Артета беше на завидно ниво, а Еду беше директно вклучен во доведувањето на лидерите на денешниот тим на Арсенал, како Мартин Одегард и Деклан Рајс.