ВИДЕО: Голем удар за Арсенал, загуби од Њукасл и може да остане без ЛШ!

Екипата на Арсенал, по лошиот старт на сезоната, успеа да ги консолидира своите редови и да влезе во серија која што го искачи во горниот дел од табелата во Премиер лигата. Лондонскиот клуб долго време беше во пол-позиција за четвртата позиција, последна која што води во Лигата на шампионите, но вечерва направи голем кикс и со поразот од Њукасл може да остане без учество во европската елита.

На „Сент Џејмс Парк“, „топџиите“ имаа само една цел, тоа е победа за враќање во зоната за Лигата на шампионите, но наидоа на тврд и расположен противник и со автоголот на Вајт загубија со 2-0 и останаа на петтата позиција, на едно коло до крајот на шампионатот. 

  • Извештај од натпреварот:

„Страчките“ на Еди Хау не само што запишаа големи три бода и направија нов скок на табелата, туку и во поголемиот дел од натпреварот беа подобриот ривал на теренот и заслужено им се вратија на победите во Премиер лигата, по поразите од Ливерпул и Манчестер Сити. По автоголот на Вајт во 55. минута, Арсенал се отвори во целост и заигра далеку поангажирано, но со тоа им отвори многу повеќе простор на домаќинот, кој одлично го искористи тоа и со погодокот на Бруно Гимараеш стигна до победа од 2-0.

Со овој кикс, Арсенал останува петти и во последното коло ќе треба да слави на дербито со Евертон и да се надева на кикс на Тотенхем против Норич.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1