• Иван Димовски
Вилијам Салиба ќе биде надвор од терените неколку месеци поради обновена повреда на грбот, пренесува францускиот „Л'Екип“.
Стоперот на Арсенал се повреди за време на Светското првенство и беше принуден да го напушти теренот уште во 30. минута од полуфиналето против Шпанија, откако не можеше да ги издржи болките.
Првичните прогнози не се воопшто охрабрувачки и најавуваат пауза од четири до пет месеци. Доколку тие се потврдат, Салиба ќе го пропушти почетокот на новата сезона, што ќе биде сериозен удар за Арсенал.
Британските медиуми пишуваат дека најголема шанса да ја пополни празнината во одбраната би можел да добие младиот шпански стопер Кристијан Москера, кој минатото лето пристигна во лондонскиот клуб.





