• Мартин Танасковски

Репрезентацијата на Англија ги стартува квалификациите за Европското првенство на гостувањето кај Италија, меѓутоа Герет Саутгејт се соочува со голем проблем затоа што „гордиот албион“ ќе мора без тројца важни играчи.
Голманот Ник Поуп од Њукасл Јунајтед, Мејсон Маунт од Челзи се повредени, а најновиот кој им се приклучи на листата е Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед. Крилниот напаѓач игра во страшна форма, меѓутоа на дуелот со Фулам се здоби со удар по еден дуел и утврдена е повреда.
Герет Саутгејт за натпреварот против Италија реши да не прави драстични промени. Повика само едно ново име, на големо изненадување. Во составот на Англија ќе биде голманот на Тотенхем, 36-годишниот Фрејзер Форстер.
Натпреварот меѓу Италија и Англија се игра во Неапол во четврток од 20:45 часот. Потоа за островската селекција следи дуел со Украина.
