• Саше Љолес
На натпреварот од Серија А помеѓу Џенова и Кремонезе, навивачите беа сведоци на несекојдневен момент кој веднаш стана хит на социјалните мрежи. Во телевизискиот пренос беше најавено дека во игра влегува поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим!
Сепак, вистината беше малку поинаква. Всушност, во игра влезе Алекс Аморим, а сликата на Рубен се појави поради техничка грешка на телевизијата. Овој момент се претвори во вистинска комедија за сите љубители на фудбалот.
Коментарите на социјалните мрежи беа преплавени со шеги и мемиња, а многумина се пошегуваа дека „Рубен Аморим е новото тајно оружје на Џенова“ кое само го гледаме на ТВ, но не и на теренот.








