• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски направи одличен трансфер и преминува во редовите на најтрофејниот швајцарски клуб, Грасхоперс. 26-годишниот напаѓач пристигнува од тимот на Дебрецен, за кој постигна петнаесет голови.
Ова е голем чекор напред во кариерата на нашиот офанзивен фудбалер и тој потпиша двегодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Грасхоперс е 27-кратен освојувач на шампионската титула, а исто така има и 19 Куп трофеи во своите витрини. Со вкупно осум „дупли круни“, „скакулците“ се најголем клуб во својата земја, а Доријан Бабунски ќе има одлична можност да се покаже во добро светло и уште повеќе да напредува во кариерата.
Дориан Бабунски во кариерата настапуваше за Фуенлабрада, Олимпија Љубљана, Махида Зелвиа, Ботев Враца и Дебрецен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.