Голем скандал на повидок: Вест Хем не сака афрички фудбалери бидејќи „прават хаос“ во соблекувална

Вест Хем

Голем скандал го тресе англискиот фудбал, откако вчера беа потврдени информациите дека раководството на екипата на Вест Хем одбила да ангажира афрички фудбалери, бидејќи смета дека тие предизвикуваат „хаос“ во нивната соблекувална.

„Дејли Мејл“ обајви неколку мејлови на раководството на „чеканите“, по што побара објаснување од спортскиот директор на клубот, кој само ја потврди информацијата.

„Вистина е. Сакаме да го намалиме бројот на афрички фудбалери во екипата. Тие прават хаос и навистина лошо се однесуваат доколку не ја добијат минутажата која мислат дека ја заслужуваат. Мене навистина ми е доста од нив“ , изјавил Тони Хенри.

Самиот Хенри испраќал пораки до многу менаџери ширум светот и им порачувал дека не сака повеќе соработка со фудбалери од афричко потекло.

Моментално, во Вест Хем настапуваат само тројца фудбалери од Африка и тоа Артур Масуаку (Конго), Чеку Кујате (Сенегал) и Анџело Огбона (Нигерија). Клубот со официјално соопштение се изјасни дека не се работи за никаков расизам и дека тимот секогаш ја почитува еднаквоста на теренот и на трибините.