Голем скандал ја „тресе“ Кина: Репрезентативци со голема сума пари се обложиле на пораз од Иран

Голем скандал ја тресе фудбалска Кина, откако четворица репрезентативци наводно се обложувале нивната селекција да загуби во четвртфиналето на Азискиот Куп од репрезентацијата на Иран. 

Овој скандал го открил поранешен репрезентативец на Кина, кој на свој пријател му кажал дека најмалку четворица играчи се вмешани во оваа „местенка“. Наводно, Хо Јунмин, Ву Кси, Фенг Јаотинг и Ши Ке со голема сума пари се обложиле Кина да доживее елиминација oд Иран. 

Мечот завршил со победа на Иранците од 3-0, а Фенг беше директен виновник за еден примен гол на Кина. Дека нешто не беше како што треба говори и фактот што селекторот, Марчело Липи по само 45 минути ги замени Фенг и Ву Кси. 

Надлежните органи на Азиската фудбалска федерација веќе покренале постапка за расветлување на овој случај.