ВИДЕО: Голем шок за шампионот, Монако по пресврт го тресна ПСЖ

Монако приреди големо изненадување во третото коло од Лига 1 и го совлада ПСЖ со 1-2 на „Паркот на принцовите“, нанесувајќи му го на шампионот првиот пораз во новата сезона. 

ПСЖ имаше предност на полувремето, откако Маркињос погоди во 31. минута. Домашниот тим беше подобар во првиот дел и изгледаше дека конечно ќе стигне до првата победа во шампионатот по двете почетни ремија од 2-2.

Сепак, Монако одигра одлично продолжение. Назинјо израмни во 58. минута, а гостите целосно го свртеа резултатот во своја корист кога Станис Идумбо погоди во 72. минута за 1-2. ПСЖ до крајот тргна по израмнување, имаше поголем посед и повеќе удари, но не успеа да го совлада Храдецки, кој имаше неколку фантастични интервенции. 

  • ПСЖ - Монако 1-2:

Со овој триумф, Монако останува без пораз и со три победи во првите три кола, додека ПСЖ останува на два бода по трите натпревари. 

  • Лион - Оксер 3-1:

Домашна победа запиша Лион, кој го совлада Оксер со 3-1. Головите за тимот на Фонсека ги постигнаа Бахер, Атекаме и Нуама, а за гостите погоди Арчер.