ВИДЕО: Голем пропуст на ВАР-собата, Бриж со судиска помош победи во Линц

ВАР

Првиот натпревар меѓу ЛАСК и Клуб Бриж донесе победа за белгиската екипа, која стекна предност со голот од пенал на Ханс Ванакен уште во 10. минута.

ВАР-технологијата беше искористена за да се потврди најстрогата казна за гостите, но ситуацијата која се случи неколку моменти претходно ги оштети домашните фудбалери.

На победничкиот погодок му претходеше офсајд позиција, во која што се најде гостинскиот фудбалер. Главниот судија не реагираше, поради недостатокот од сугестија од помошникот, па акцијата продолжи и заврши со среќен крај за тимот од Белгија.

Медиумите во Австрија денес се полни со реакции и критики кон судиите и лошата реакција од ВАР-собата. 

Ова е уште еден доказ дека грешките и пропустите во фудбалот никогаш целосно нема да бидат отстранети.