• Саше Љолес
Колумбискиот интернационалец од редовите на Торино, Дуван Запата, дожвеа тешка повреда на натпреварот против Интер и за него сезоната официјално е завршена, јавија италијанските медиуми.
Дополнителните лекарски прегледи покажале дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти, една од најтешките повреди за спортистите. Запата ќе отсуствува од терените најмалку седум месеци, што значи дека ќе може да се врати во целосен тренажен процес најрано во мај следната година.
Летово премина во редовите на Торино, откако претходно четири години го носеше дресот на Аталанта, каде одигра 120 натпревари и постигна 48 голови во сите конкуренции. Беше избран во идеалниот тим на Серија А во 2019 година, а како член на Наполи триумфираше во Купот на Италија во 2014 година.