Голем потег на Ц. Звезда: ВИП ложата на „Маракана“ ќе го носи името на Михајловиќ!

Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ потврди дека клубот ќе именува дел од трибината на својот стадион „Рајко Митиќ“ во чест на починатиот Синиша Михајловиќ. Легендарниот Михајловиќ почина во декември по долготрајна битка со тешката болест.

Црвена Звезда в сабота ќе се сретне со Војводина, уште еден поранешен клуб на Михајловиќ, па натпреварот на легендарната „Маракана“ ќе биде во знакот на поранешниот дефанзивец, тренер и селектор.

Сепак, во чест на Михајловиќ, Црвена Звезда ќе именува дел од трибината на својот стадион.

„Управниот одбор во вторникот презентираше предлог кој во сабота ќе се најде на собранието на клубот, а тоа е еден дел од трибината, поточно ВИП-ложата на запад, да се именува по Синиша Михајловиќ. Во сабота неговото семејство, синови, брат ќе бидат со нас. Разговаравме со нив, добивме согласност“, изјави Терзиќ.

Своето доаѓање на мечот го најавија и Југовиќ, Биниќ, Најдоски, Стојановиќ, Маровиќ, Љупко Петровиќ, Василијевиќ и Момчиловиќ...