• Саше Љолес
Лука Јовиќ дефинитивно нема многу среќа кога се работи за постојаноста на неговите настапи, па иако се очекуваше да биде стартер за Милан на гостувањето кај Венеција, српскиот репрезентативец се повреди пред мечот и мораше да биде заменет со Англичанецот Тами Абрахам.
Јовиќ прикажуваше знаци на солидна форма во последно време и постигна четири гола на пет натпревари, но сега повторно ќе мора извесно време да паузира. Се очекуваат повеќе информации за сериозноста на повредата, а навивачите се надеваат дека нема да отсуствува долго од терените.
Милан со сите сили се бори за пласман во еврокуповите следната сезона, но мисијата за остварување на целта ќе биде пеколно тешка за „росонерите“.