• Саше Љолес

Младиот фудбалер Адел Мустафи, кој веќе впиша повеќе настапи за У15 репрезентацијата на Македонија, сега доби повик и од У16 селекцијата на Германија, земја во која е роден и ја гради својата кариера.
15-годишниот Мустафи ѝ е познат на македонската јавност затоа што дебитираше за Македонија У15 предводена од Горан Станковски на мечот против Молдавија кој заврши со резултат 3-0 за нашиот национален тим. Десниот бек одигра 70 минути во овој меч, потоа ги бранеше боите на мечевите со Велс и Шкотска, двата пријателски натпревари.
Сепак, заради својот пасош, Мустафи доби повик од впиша и својот дебитантски настап за Германија. Селекторот Марк-Патрик Мајстер го повика за контролниот дуел со Полска, а Германија славеше со 4-1. Мустафи влезе од клупата за резерви и ги одигра последните 15 минути од пријателскиот дуел.
Фудбалерот кој настапува во одбраната по родители има македонски корени од реканскиот крај од селото Велебрдо, но е роден во Берлин. Адел Мустафи игра на позицијата десен бек и моментално е член на младинскиот тим на бундеслигашот Унион Берлин. Игра во У17-генерацијата, а оваа сезона настапи на пет од шест натпревари во лигата. Три му беа по 90 минути, еден 82, еден 72, а најслабиот по минутажа му е 28 минути во второто коло.