• Горан Упале

Фудбалерите на Лил во незгоден момент забележа пораз во Лига 1, откако пред својата публика се поразени од Авр со 1-2. Со овој пораз Лил падна на петтата позиција на табелата, додека победничкиот тим впиша важни три бода во битката за опстанок.
Големата победа на Авр ја донесоа Хасан и Сумаре, додека почесниот погодок за Лил го постигна Акпом во седмата минута од судиското надополнување.
Во првиот денешен натпревар во француската елита Ница го совлада Ленс со 2-0. На тој начин екипата од Поморските Алпи продолжи со одличната серија во директни натпревари против споменатиот ривал, од кој во 21 век загуби само еднаш.
Ова им беше трет натпревар без пораз за Ница и со тоа ги прескокна Монако и Лил во борбата за местата кое води во Лигата на шампионите. За Ленс пак ова беше само втор гостински пораз, откако претходно падна само во Париз против шампионот ПСЖ.