• Иван Димовски

Фудбалерите на РБ Лајпциг го дочекаа Манчестер Сити во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ поведоа со автоголот на Кастело Лукеба, меѓутоа на стартот на продолжението стигна до израмнување.
Стрелец на израмнувачкиот гол беше Ридл Баку во 49. минута од средбата.
Овој гол оди „на душа“ на Џанлуиџи Донарума, бидејќи Италијанецот беше катастрофално поставен. Баку го забележа Донарума и погоди во небранетиот дел од голот.







