Голем хендикеп за Данска, заврши Мундијалот за Дилејни

Полуфиналистот на последното Европско првенство, селекцијата на Данска остана без битен фудбалер за врска за остатокот на Светското првенство. Играчот од средниот ред на Севиља, Томас Дилејни ќе го пропушти остатокот од Светското првенство поради повреда.

Дилејни го повреди коленото на натпреварот од првото коло против Тунис и мораше предвреме да го напушти теренот. Деталните испитувања покажале дека повредата е сериозна.
Според првите информации, Дилејни ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.

Ова е голем хендикеп за Данска, која ремизираше против Тунис, а веќе в сабота ја очекува дуел против актуелните светски прваци Французите. Последен ривал во групната фаза ќе им биде Австралија.

На последното Светско првенство Данска загуби по пенали во осминафиналето против Хрватска.