Голем гест на Влатко Стојановски: Донира опрема за најмладите во Саса (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски се врати во родната Македонска Каменица по крајот на Европското првенство (ЕП) и реши да ги израдува младите фудбалери од матичниот клуб.

Стојановски, кој почетоците ги имаше во фудбалскиот клуб Каменица Саса, реши да донира опрема. Сите млади категории од детската лига, генерација 2009 до 2015 на Каменица Саса, добија тренерки од репрезентативецот.

Од Македонска Каменица му се заблагодарија на Стојановски за големиот гест и му посакаа среќа во квалификациите за СП 2022 во Катар.