Голем гест на Катарците: Собата на Лео Меси станува – музеј!

Аргентинската фудбалска репрезентација стана шампион во Катар со победа над Франција во финалето по пенали, а очите на светот беа вперени кон Лионел Меси кој ги обедини сите титули и стана единствен со такво достигнување.

Еден од најголемите, ако не и најголемиот фудбалер на сите времиња, ќе добие голема чест во Катар. „Гаучосите“ беа сместени во Универзитетот Катар, а собата на Лионел Меси ќе стане музеј.

Сите ќе имаат можност да ја посетат собата која ќе биде еден т.н мал музеј. Внатре се задржани сите предмети кои останаа во собата по заминувањето на Лео од Катар, а на ѕидот ќе стои потпишан дрес кој легендата го поклонил на институцијата пред да ја напушти собата. 

Луѓето во Катар се одушевени од потегот, а веќе се најавени првите посети по некое време затоа што сите се заинтересирани во каков престој престојувал Меси и како го минувал своето време.