ФОТО: Голем гест на Ибра - дресот го подари на детенце кое е негов голем фан!

Златан Ибрахимовиќ го врати стариот „шарм“ во Милан, кој по неговото враќање во Италија игра како препороден и бележи одлични резултати. 

Швеѓанецот е огромна ѕвезда, една од најголемите кои моментално играат во Серија А, а таков глас го бие речиси низ целиот свет. Вчера, Милан победи на гостувањето кај Шамрок Роверс со 0-2, во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. 

Јасно, Ибра беше најголема ѕвезда во тој натпревар, па тој направи голем гест по завршувањето на истиот. Синот на Аарон Грин, кој настапува за Шамрок бил негов голем фан и напаѓачот му го вети дресот од средбата, а по крајот, се погрижи истиот навистина да стигне до него.