Голем гест на фудбалерите: Головите поддршка за омилениот физиотерапевт (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Лихтенштајн на домашен терен (5-0), а головите беа со посвета и беа голем гест за еден од членовите на фудбалското семејство.

Физиотерапевтот Ангеле Милевски, кој долги години беше дел од македонскиот фудбал како член на Вардар и Работнички, а сега е во тимот на А-тимот на Македонија, доживеа семејна трагедија.

Фудбалерите не го заборавија, му покажаа дека се со него во овие тешки моменти. При еден од головите на Македонија, капитенот кој беше стрелец и асистент Енис Барди и еден од стрелците Дарко Чурлинов, како и Ељиф Елмас, извадија дрес со посвета.

„Ангеле, со тебе сме“, стоеше на дресот на Македонија, во знак на поддршка за еден од омилените луѓе во тимот.