Голем гест на Буфон: Дресот од мечот против Македонија го донира во хуманитарни цели

Едно од најголемите фудбалски имиња во историјата на овој спорт, Џанлуиџи Буфон, одлучи да го донира својот дрес од натпреварот меѓу Италија и Македонија (1-1), кој се одигра лани, во рамки од квалификациите за Светското првенство во Русија. 

Новиот член на ПСЖ својот дрес го постави на интернет страницата „Charitystars“, која меѓудругото се занимава и со продажба на дресови, а подоцна собраните парични средства ги донира во хуманитарни цели. 

Засега најголемата понудена сума изнесува 500 евра, но ако се заме предвид дека аукцијата ќе трае уште пет дена, се очекува износот да биде далеку поголем.