ВИДЕО: Голеада од голови во Фиренца, Фиорентина во финишот избегна пораз од Аталанта

Фудбалерите на Фиорентина не успеаја да го искористат домашниот терен во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија и против Аталанта одиграа реми со дури шест постигнати погодоци (3-3).

Гостите од Бергамо подобро го отворија мечот и со головите на Гомез и Пашалиќ во 18. минута имаа водство од високи 0-2. Сепак, домашните фудбалери за краток период се вратија во игра и на полувреме заминаа со егaл резултат од 2-2. Стрелци на головите за Фиорентина беа Киеза и Бенаси.

Во вториот дел, Аталанта повторно прва стигна до гол и преку Де Рон стигна до 3-2, но во самиот финиш од мечот Муриел го спаси својот тим од пораз и ги постави конечните 3-3, па патникот во финалето ќе се решава во реваншот на почетокот од април.