ВИДЕО: Голеадата во Лос Анџелес без победник, Иран и Нов Зеланд си поделија по бод!

Репрезентациите на Иран и Нов Зеланд одиграа возбудлив натпревар со четири гола (2-2) во рамките на првото коло од групата Г на Светското првенство.

Дуелот во Лос Анџелес понуди динамичен и отворен фудбал од првата до последната минута, а херој кај Новозеланѓаните беше Елиа Џаст со два погодоци. Сепак, Иран во два наврати се враќаше од негатива и заслужено стигна до бод.

  • Извештај од натпреварот: 

Нов Зеланд рано го отвори резултатот, откако во седмата минута Џаст ја круниса одличната акција во која учествуваше и Крис Вуд. Океанската селекција продолжи да напаѓа, но Иран возврати и преку Резаиан во 32. минута стигна до израмнување по грешка во одбраната.

Во второто полувреме се играше во ист ритам, а повторно Нов Зеланд дојде до предност. Џаст по вторпат се запиша во листата на стрелци. Сепак, Иран не се предаде, па во 62. минута Мохеби со глава, по асистенција на Резаиан, постави конечни 2-2. До крајот двете селекции имаа свои шанси за победа, но мрежите мируваа и бодовите беа поделени.

Во следното коло Иран ќе се соочи со Белгија, додека Нов Зеланд ќе игра против Египет.