• Горан Упале
Продолжуваат квалификациите во КОНКАКАФ зоната за претстојниот Мундијал во Катар. Во групата од осум репрезентации како претенденти за Светското првенство се истакнаа четири - Канада, Соединетите Американски Држави, Мексико и Панама. Бидејќи првите три места водат директно на Мундијалот, секоја од споменатите селекции би сакала да ја избегне четвртата позиција која води во баражот. Од таа причина секој натпревар е важен, особено меѓусебните кои носат „шест бода“. Еден од нив, в недела од 21.05 часот, ќе го играат Канада и Соединетите Американски Држави.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Канда - САД
Канаѓаните се единствената непоразена репрезентација по девет кола, додека Соединетите Американски Држави пред дуелите со Ел Салвадор имаше четири триумфи, три нерешени и пораз од Панама со минимални резултати.
Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во КОНКАКАФ
Со пет примени гола по осум кола, двете репрезентации можат да се пофалат со епитетот најдобра одбрана во овие квалификации. Кога ќе се сретнат овие две соседни селекции, головите се вистинска реткост. Копја вкрстија осум пати во последните единаесет години, а во тој период само еднаш постигнаа повеќе од два гола - пред нешто повеќе од две години кога Јенкис славеа со 4-1. Поради тоа и поради тоа што нивниот просек по натпревар во споменатите единаесет години беше 1,6 гола, играњето за поголем број голови не би било паметно.