ВИДЕО: Голеада во Лига куп финалето на Португалија, а трофејот остана во витрините на Бенфика

Откако овој викенд тимот на Бенфика стигна до својата 35. титула во португалската Примеира, вечерва успеа своите витрини да ги збогати и со трофејот од Лига Купот на Португалија

Бранителот на титулата, Бенфика во финалниот дуел беше поуспешна од екипата на Маритимо, победувајќи со 2-6(1-3), па така ја потврди доминацијата во ова натпреварување, освојувајќи го седмиот трофеј.

Уште од самиот старт фудбалерите на Бенфика со головите на Жонас Гутиерез и Митроглу стигнаа до убедливо водство од 2-0, кое до крајот на првиот дел беше зголемено за уште еден гол, а тој гол повторно го постигна грчкиот репрезентативец. За 3-1 на полувреме во 45. минута стрелаше Диого, додека во второто полувреме уште еден гол за Маритимо постигна Франсержио. Нико Гаитан во 77 минута зголеми на 4-1, а кога се очекуваше последниот свиреж на судијата, фудбалерите на Бенфика постигнаа два гола. Во 91. погоди Жардел, додека една минута подоцна конечните 6-2 го постави Хименез од пенал.

На овој дуел свое збогување со фановите на лисабонскиот клуб имаше 18-годишната ѕвезда на тимот, Ренато Санчез, кој од идната сезона ќе го носи дресот на германскиот шампион Баерн Минхен