ВИДЕО: Голеада на младите Аргентинци, одличен старт и на Франција и Португалија

Најтрофејната селекција за фудбалери до 20 години, Аргентина, со лесна победа од 5-2 против Јужна Африка го започна Светското првенство во Полска. „Гаучосите“ играа блескаво и ако ги искористеа сите шанси може да победат уште поубедливо.

Езекиел Барко беше автор на два гола, а по еден гол постигнаа Вера, Алварез и Гаих.

Од фаворитите победи запишаа и Португалија против Кореја со 1-0 со голот на Тринкао во раната фаза на средбата и Франција која ја надигра Саудиска Арабија со 2-0 со головите на Фофана и Гиури.

Натпреварот меѓу Панама и Мали заврши без победник, 1-1.

  • Аргентина - Јужна Африка 5-2:

  • Франција - Саудиска Арабија 2-0: 

  • Португалија - Кореја 1-0: