ВИДЕО: Голеада на „Максимир“ - Хрватска има двојна предност, Калиниќ погоди со пета

Во првиот од двата бараж натпревари меѓу Хрватска и Грција, кој се игра на „Максимир“, фудбалерите на Хрватска по само 20 минути имаа предност од 2-0, резултатската неизвесност ја врати Сократис со гол во 30. минута, а на 3-1 зголеми Перишиќ во 34. минута.

Првиот погодок беше дело на Модриќ од пенал, кој го скриви гостинскиот голман по една неспретна реакција и за среќа доби само жолт картон. „Коцкестите“ и по постигнатиот погодок продолжија со нападите, а тоа вроди со плод во 20. минута, кога Калиниќ со пета го матираше голманот на Грција, за 2-0 и голема радост на трибините на „Максимир“.

Во 30. минута фудбалерите на Грција, буквално од првиот напад на противничката половина успеаја да ја вратат резултатската неизвеснот. Сократис искористи еден центаршут од корнер и со прекрасен удар со глава го матира Субашиќ. Само четири минути по примениот погодок, Хрватите повторно изведоа едноставна акција, Врсаљко центрираше, а Перишиќ се најде на вистинското место и зголеми на 3-1.