ВИДЕО: Голчиштето на Барди кандидат за најубав во колото

Македонската фудбалска репрезентација ремизира против Казахстан (1-1) во рамките на квалификациите за Светското првенство. 

На натпреварот во Скопје нашиот национален состав се враќаше од негатива, а херој на крајот беше капитенот Енис Барди. Кога ништо не одеше и беше тешко да се пробие гостинскиот бедем, Барди изведе перфектен слободен удар од околу 30 метри и го матира гостинскиот голман Сеисен. 

Овој гол на македонскиот капитен влезе во потесен избор за најубав во колото во квалификациите за Светското првенство во Европа.